24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: принтскрин /видео Официјална јутјуб страница на Џо Бајден
СВЕТТОП ВЕСТИ

Синди Мекејн се приклучи во советничкиот одбор на тимот за транзиција на Бајден

Синди Мекејн, вдовицата на републиканскиот сенатор Џон Мекејн, се приклучи на одборот на претседателскиот тим за транзиција на Џо Бајден, пренесува „Њујорк пост“. Како член на советничкиот одбор, Мекејн ќе го понуди своето мислење, додека тимот на демократите ги претвора неговите предизборни ветувања во политика, што може да се примени откако тој ќе стапи на должност, објави „Волстрит џурнал“.

Републиканката, чиј покоен сопруг беше сенатор од Аризона и лојалист на Републиканската партија повеќе од 30 години пред да почине од рак во 2018 година, се очекува да го советува тимот за прашања што ги засегаат жените и децата, се вели во извештајот.

Таа е втора републиканка што се пријави за официјално да го советува тимот на Бајден, придружувајќи му се на поранешниот секретар за ветерански прашања во администрацијата на Обама, Боб Мекдоналд. Одборот неодамна прв пат се состана и се очекува да се состане повторно во наредните неколку недели, се вели во извештајот.

Објавата доаѓа откако Синди Мекејн му изрази поддршка на Бајден во септември, велејќи дека тој е единствениот кандидат во трката за кого верува дека ќе се бори за американските вредности. Таа се појави во видео во Демократскиот национален комитет во август, славејќи го необичното пријателството на нејзиниот сопруг со Бајден.

Во неделата, таа му ја честиташе победата на Бајден на изборите и го повика Трамп да го стори истото и достоинствено да го признае поразот – како што направи нејзиниот сопруг со Барак Обама, поранешниот шеф на Бајден, откако загуби од него во претседателската трка во 2008 година.