24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Официјална твитер страница на Џо Бајден
СВЕТ

Абас, конечно, му честита на Бајден, побара да се повлече потегот со Амбасадата

Претседателот на Палестинската Самоуправа, Махмуд Абас, вчера го повика самопрогласениот новоизбран претседател Џо Бајден на зајакнување на палестинско-американските односи, а висок извор го цитира тоа како барање за повлекување на одлуката за преместување на Амбасадата на САД.

„Со нетрпение очекувам да соработувам со новоизбраниот претседател Џо Бајден и неговата администрација на зајакнување на палестинско-американските односи и постигнување слобода и независност, правда и достоинство за нашиот народ, како и работа за мир, стабилност и безбедност за сите во нашиот регион и во светот“, вели Абас во изјавата.

Палестинскиот амбасадор во Велика Британија, Хусам Зомлот, кој претходно беше амбасадор во Вашингтон сè додека администрацијата на Трамп не го протера и не ја затвори дипломатската мисија во Вашингтон, ги поздрави историските и инспиративни избори во САД.

„Ја чувствувам возбудата на оние што се стремат кон праведен и траен мир во Палестина. Ангажманот заснован на меѓусебно почитување, слобода, правда и еднаквост мора да биде патот напред“, напиша Зомлот на „Твитер“.

Премиерот на Палестинската Самоуправа, Мохамад Штајех, рече дека Абас е подготвен за непосреден ангажман со САД ако им бидат исполнети условите. Тој подоцна додаде дека се надева оти транзицискиот тим на Бајден ќе ја стави палестинската кауза на својата листа на приоритети.