24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: принтскрин /видео Официјална јутјуб страница на Џо Бајден
СВЕТ

Бајден одби да коментира за британските медиуми – „Би-би-си? Јас сум Ирец!“

Британско-американските односи под потенцијалното претседателство на Џо Бајден се на лош почеток откако 77-годишниот демократ одби да даде коментар за британскиот печат велејќи: „Би-би-си? Јас сум Ирец!“

Броењето на гласовите во САД продолжува во некои области и резултатите не се официјално заверени, а претседателот Доналд Трамп обвинува за измама и одбива да се повлече. Сепак, многу од мејнстрим-медиумите го прогласија Бајден за победник или барем за најверојатен победник на изборите.

Јавно финансираната британска радиодифузна корпорација Би-би-си беше еден од тие медиуми, но ниту ова ниту несомнено избрзаните честитики од премиерот Борис Џонсон до Бајден се чини дека не им направија никаква услуга, како што открија кога му побараа кус коментар за нивните гледачи.

„Би-би-си? Јас сум Ирец“, одговори Бајден оддалечувајќи се со насмевка, што според некои беше сигнал дека демократот – кој претходно не криеше дека е непријателски настроен кон брегзитот – нема да биде пријателски настроен кон Велика Британија како полубританецот Трамп.

„Како што можете да видите од овој клип, Бајден ја мрази Велика Британија“, коментира водечкиот поборник за брегзит и сојузник на Трамп, Најџел Фараж.