22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

Починаа 24 лица, најмладите имаа само 37 и 45 години

Во изминатото деноноќие според статистичките податоци на Министерството за здравство починати се 24 лица.

И тоа двајца пациенти од Скопје (77 и 67г), еден од Куманово (59г), четири пациенти од Прилеп (70, 61, 79 и 45г), тројца од Велес (82, 78 и 82г), двајца од Битола (80 и 62г), тројца пациенти од Охрид (67, 64 и 68г), двајца од Гостивар (66 и 68г), шест пациенти од Струмица (75, 64, 75, 60, 37 и 61г) и еден пациент од Пробиштип (69г).

Со ова од почетокот на корона кризата во Македонија починале 1049 лица.