12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТИЗБОР

Врховниот суд во Тексас го отфрли барањето за поништување на 127 илјади гласови

Врховниот суд на Тексас во неделата ја отфрли тужбата на група републиканци кои сакаат да поништат 127.000 гласови од „драјв-тру“ гласачките места во областа Хјустон. Судот одби да го разгледа барањето и не даде објаснување, пренесува „Њујорк пост“.

„Задоволни сме што Врховниот суд во Тексас призна дека нивните аргументи оти „драјв-тру“ гласањето е незаконско се неточни. Тужбите што се покренати среде избори за нарушување на изборите треба веднаш да бидат отфрлени “, рече Сузан Хејс, адвокат на округот Харис.

Околу 1,4 милиони луѓе веќе гласаа во округот Харис, Тексас, кој почна да им дозволува на гласачите да ги остават своите гласачки ливчиња од стилот „драјв-тру“ како мерка за безбедност против Кови-19 за време на прелиминарните избори годинава.

Сепак пред сличен предизвик денеска ќе се најде федералниот судија Ендрју Ханен.

Републиканците кои бараат да се блокира пребројувањето на гласовите тврдат дека само државниот законодавен дом, а не и окружната влада, може да го легализира гласањето.

„Се надеваме дека тој ќе ја прекине оваа незаконска форма на гласање“, рече Џеред Вудфил, адвокат на групата.

Претседателот Трамп победи во Тексас со девет поени пред четири години, но анкетите покажаа дека тоа во 2020 година ќе биде лотарија. Државата веќе го надмина вкупниот број гласови од 2016 година.