17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Светска Здравствена Организација/WHO.int / printscreen
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

И генералниот директор на СЗО во самоизолација по контакт со заболен од коронавирус

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека бил во контакт со лице кое е позитивно на Ковид-19. Тој додаде дека се чувствува добро и нема никакви симптоми на болеста.

„Ме идентификуваа како контакт на некој кој има позитивен резултат на Ковид-19. Добро сум и немам никакви симптоми, но ќе бидам во самоизолација во наредните денови и ќе работам од дома, во согласност со протоколите на СЗО“, објави Тедрос на „Твитер“.