8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција го осуди нападот во Ница

Турција остро го осуди нападот што се случи денеска во црквата Нотр Дам во францускиот град Ница.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи се наведува дека Турција чувствува солидарност со францускиот народ против насилството и тероризмот.

Во Франција, три лица загинаа во терористички напад во Ница денес, од кои едното беше обезглавено, додека во посебен инцидент полицијата уби вооружен напаѓач кој им се заканувал на минувачите во Авињон.