12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Жена се заканувала дека ќе се разнесе на железничка станица во Лион

Желелезничката станица „Пар-Диу“ во Лион е евакуирана поради пријава за бомба, а во тек е полициска акција, соопшти полицијата додавајќи дека едно лице е уапсено.

Локалниот весник „Прогрес“ од Лион објави на својата веб-страница дека жена што носела неколку торби се заканувала дека ќе се разнесе и извикала „Алаху акбар“.

Тимот за деактивирање експлозивни направи е на местото на настанот и врши проверка, пренесува „Ројтерс“.

Полицијата и армијата формираа кордон околу станиците и го затворија пристапот.

Железничката компанија СНЦФ на „Твитер“ потврди дека сообраќајот околу Лион е прекинат.

Новинарот Џулиен Дамбоа наведува дека патниците го оставиле багажот и побегнале од станицата, пренесува „Дејли експрес“.

Спонзорирано: