17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Франција протерува стотици екстремисти

Франција има намера да протера 231 странци на списокот на Владата на лица осомничени дека имаат екстремни религиозни убедувања.

Во Франција, екстремистите се дефинираат како „луѓе кои, во процес на радикализација, најверојатно сакаат да заминат во странство и да се приклучат на терористички групи или да учествуваат во терористички активности“.

Ројтерс потсетува дека Владата на претседателот Емануел Макрон е под притисок на конзервативните и крајно десничарски партии да заземе поцврст став кон недржавјаните на Франција кои претставуваат закана за безбедноста.Извор од полицискиот синдикат изјавил дека од вкупниот број осомничени, 180 лица во моментов се во затвор, а 51 се пред апсење, пренесуваат агенциите.

Спонзорирано: