Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Филипче: Донесовме нов Закон за прекинување на бременоста, со кој волјата на жената ја ставивме на прво место

ФЕЈСБУК СТАТУС НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ:

Донесовме нов Закон за прекинување на бременоста, со кој волјата на жената ја ставивме на прво место. На глобално ниво бевме препознаени и како држава за пример која има успешно партнерството помеѓу Владата, институциите и невладиниот сектор во справувањето со ХИВ инфекцијата, согласно препораките на Обединетите нации.

Сето ова го постигнавме заеднички со граѓанската организација ХЕРА. Заедно со нив ги носиме и ги имплементираме здравствените политики. Тие се клучна алка во унапредувањето на здравствената заштита на пациентите. Граѓанските организации се нашиот партнер, но и коректив во работењето. ХЕРА е една од организациите со која имаме одлична соработка. Им го честитам јубијелот од 20 години постоење и 20 години активизам за социјални, сексуални и репродуктивни права! Заеднички продолжуваме и понатаму да се грижиме за нашите пациенти.

#20годиниХЕРА

Можеби ќе ве интересира

Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето

C +

Николоски: Интензиво работиме на реконструкцијата на превојот Пресека во должина од 11 километри

C +

Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“, тврди СДСМ

ДЕСК