16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Невладина тврди дека половина мигранти на улиците во Париз може да се позитивни на Ковид-19

Според невладината организација „Лекари без граници“ (МСФ), 55 отсто од оние што живеат на улиците во регионот на Париз може да се заразени со Ковид-19, најголем дел од нив мигранти, пренесува „Ле Фигаро“.

Од МСФ велат дека тестирале примерок од 818 лица во сместувачки домови и засолништа за бездомници во регионот на Париз и дека 90 отсто од тестираните се мигранти.

Корин Торе, шеф на француската мисија во МСФ, за „Фигаро“ изјави:

„Резултатите покажуваат огромна распространетост на вирусот. Главната причина е промискуитетот и условите за домување што создадоа кластери, на пример во гимназиите каде овие луѓе беа засолнети за време на рестриктивните мерки за движење.“

Студијата исто така покажа различни стапки на зараза на различни места. Два дома за мигрантски работници имаат стапка на инфекција од 88,7 отсто, десет засолништа за бездомници имаат стапка од 50,5 отсто, а местата за дистрибуција на храна имаат стапка од 27,8 отсто.

Стапките на инфекција се уште се многу поголеми во сите тестирани области од просечната стапка низ Франција, која се движи од пет до десет отсто. Во градот Париз, стапката на инфекција е малку повисока – 12 отсто.

Ризикот мигрантите да го добијат и рашират вирусот е најголем проблем во другите европски земји, особено во Италија, каде што новопристигнатите мигранти биле позитивни на Ковид-19.

Во август, италијанскиот министер за регионални работи, Франческо Боча, ненамерно откри дека дури 25 отсто од случаите со коронавирус во тоа време биле странци.

Друг проблем со кој се соочува италијанската влада не е само наоѓање простор за карантин за мигрантите кои пристигнуваат, туку и справување со мигрантите кои се обидуваат или успеваат да избегаат од сместувачките центри под карантин.

Минатиот месец група мигранти сместени во прифатниот центар на Сицилија подметна пожари во знак на протест против мерките за карантин, предизвикувајќи паника кај мигрантите и кај вработените. Двајца Тунижани се обиделе да се фрлат низ прозорците за да избегаат од центарот, и завршиле во болница.

Спонзорирано: