24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Премиерот Заев на Канал 5: Гоце Делчев треба да не поврзува, градиме пријателства со соседите, тие носат придобивки за граѓаните

Прашањето за Гоце Делчев е работа на Комисијата за историски прашања, а не на политиката и верувам дека Комисијата, во духот на заедничката историја и заедничкото славење и овде ќе најде решение, истакна премиерот Зоран Заев, во интервју за Канал 5.

Тој додаде дека договорот со Бугарија многу јасно предвидува градење на единство, сплотеност, добрососедство, пријателство, договорот е двонасочен, се однесува на давата народи е е потпишан и на македонски и на бугарски јазик, а идентитетските прашања, ниту една европска земја, ниту влада, ниту политика, која е проевроспка не ги става под прашање, тоа е прашање на самоидентификација.

Важно е што со тој договор Бугарија зема обврска да не поддржува во нашите европски и евроатлантски интеграции и Бугарија, рака на срце, тоа го прави не само фигуративно и убеден сум дека Бугарија и натаму ќе биде наш поддржувач и тоа гласен и видлив, а верувам дека комисијата тоа ќе го помогне за да може да ги надминуваме ваквите прашања, нагласи Заев.

Како што беше постигнат договор за други поглавја, верувам дека ќе постигнеме договор и за ова прашање само да не се обидува ниту една страна да присвои нешто, туку да гради мостови на пријателство, да биде спојка, на пример да пуштиме автопат меѓу двете земји, рече Заев.

Ги знаеме фактите, историјата е важна за двете страни, но таа мора да биде појдовна основа за градење на иднината, со неа да се прават мостови, двете страни да бидат среќни, како што кажа Гоце – да го гледаме светот како поле за културен натпревар, истакна премиерот Зоран Заев, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.