Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(ЕКСКЛУЗИВНО) Влада и институции за пример: Казни од МВР за премиерот Заев и министрите Николовски и Филипче

Ете и тоа се случи во нашата убава земја, како во секоја демократска држава, за сторен сообраќаен прекршок, неносење заштитна кацига, МВР ги казни премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот Венко Филипче.

Centar.mk екслузивно ги објавува прекршочните налози на МВР. Премиерот Заев, вице-премиерот Николовски и министерот Филипче ќе треба да платат по 50 евра во денарска противредност, за сторен сообраќаен прекршок.

Очигледно, никој не е привилегиран, законите важат за сите подеднакво!

По објавување на видео на кое се гледа дека премиерот Заев не носи заштитна кацига додека управува со мотор постапката на МВР е согласно своите надлежности, и така треба да биде.

Ова е прв случај од осамостојувањето каде високи државни функционери се соочуваат со казни заради сообраќајни прекршоци.

Владата на СДСМ и институциите кои ги предводи се пример на одговорно однесување, ред и дицплина што подразбира и соодветно санкциониарање на сторен прекршок.

Министерот Оливер Спасовски на чело на МВР покажува дека ред, правда и дициплина мора да има, неселективно постапува, дури и кога тоа се однесува за сторен сообраќаен прекршок од страна на премиерот и министри во Владата.

Никој не е над законите и како и во секоја демократска држава ова е сосема нормална постапка а кај нас се што е поврзано со правичност и праведност е особено добра вест за поздравување.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Железничките проекти на Коридорите 8, развој на брзата пруга на Коридорот 10 напредуваат

ДЕСК

По страшната трагедија за новогодишната ноќ, се огласи Министерството за здравство со детали за случајот со починатото бебе

ДЕСК

Повреден војник во затворот Идризово

ДЕСК