21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британската влада демантираше дека Џонсон бил во Италија

Владата на Велика Британија гo демантираше пишувањето на медиумите дека премиерот Борис Џонсон бил во Италија минатиот викенд.

Тие наведуваат дека тој не патувал во странство претходните месеци.

Италијанска „Република“ објави дека Џонсон бил во Перуџа минатиот викенд, од 11 до 14 септември, за да го крсти помладиот син Вилфред, повикувајќи се на соопштението на градскиот аеродром, пренесува „Ројтерс“.

„Таа приказна е целосно неточна. Премиерот не патувал во Италија претходните месеци. Секој што ги објавува овие тврдења повторува лаги”, рече портпаролот на „Даунинг стрит“.

Британскиот министер за транспорт, Грант Шепс, исто така, ги демантираше овие обвинувања, изјавувајќи дека ги проверил двапати и утврдил дека не се точни.

Спонзорирано: