Викендот без ДДВ кој го најави Владата, најверојатно ќе се случи следните недели.
Но како ќе функционира?
Според информациите на Centar.mk, за време на т.н. Викенд без ДДВ граѓаните ќе можат да пазарат во сите сектори, а на цената која ќе ја платат, дополнително ќе им биде вратен ДДВ. Неофицијално, се очекува, сето тоа да оди преку актуелната апликација МОЈ ДДВ, со што граѓаните задолжително ќе треба да ја скенираат сметката од тој викенд и ќе добијат 100 отсто поврат на ДДВ-то кое ќе го платат во продавниците, салоните за мебел, бутиците и тн.
Повратот од 100 отсто на платениот данок ќе важи само тие два дена, па така многу производи ќе може да се купат за 18 или 5 проценти пониска цена согласно даночната стапка за дадената категорија на артикли во т.н. викенд без ДДВ.
Пример доколку биде купен мебел од некоја македонска компанија во вредност од 20.000 денари, а даночната стапка изнесува 18 проценти. Истото парче мебел на крајот ќе ве чини 3.600 денари помалку, односно 16.400 денари.
Сепак, за официјалниот начин, за тоа како ќе функционира оваа мерка и кога ќе биде реализирана се’ уште не е обелоденето.
За реализацијата на оваа мерка Владата е внимателна бидејќи се зема во предвид и моменталната епедимиолошка состојба со коронавирусот, со цел граѓаните да бидат заштитени при пазарањето.
Оваа мерка како што беше објавено, треба дополнително да им помогне на бизнисите за време на корона-вирус кризата.
И додека следниве недели, доколку има услови за тоа, ја очекуваме оваа мерка, владата крчка нов четврти пакет за поддршка на бизнисот и граѓаните поради коронавирус кризата.