8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ООН ги повика милионерите да донираат пари за гладните

Директорот на Светската програма за храна, Дејвид Бисли, ги повика најбогатите луѓе да донираат пари за да спасат речиси 30 милиони луѓе, кои можат да умрат од глад.

Приближно 270 милиони луѓе се на работ на гладот и Светската програма за храна се надева дека ќе може да обезбеди помош за 138 милиони луѓе оваа година, изјави Бисли пред Советот за безбедност на ООН.

Потребни се речиси 4,1 милијарди евра годишно за да се нахранат 30 милиони луѓе, кои ќе умрат без помош на Светската програма за храна, рече Бисли.

Тој истакна дека во светот има речиси 2.000 милијардери, чие богатство се проценува на приближно 6,8 билијарди евра и дека некои од нив заработиле милијарди за време на пандемијата, пренесува „Ројтерс“.

Бисли рече дека не се противи на луѓето да создаваат и да го зголемуваат своето богатство, но посочи дека човештвото се соочува со најголемата криза што нeкој од нас ја видел досега.