12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Во Шпанија речиси 9.000 новозаразени со коронавирус за еден ден

Во Шпанија за 24 часа се регистрирани 8.964 новозаразени со коронавирус.

Министерството за здравство објави дека досега се регистрирани вкупно 534.513 заразени. Третина од новите случаи се во Мадрид, пренесува агенцијата „Анадолија“.

Во последните седум дена 261 лица починаа како резултат на заразата, со што вкупниот број на починати достигна 29.594 луѓе.

Во Шпанија, како дел од новата учебна година, се отворија градинките и основните училишта. Пред да влезат во училниците, на учениците им беше измерена температурата и влегуваа еден по еден. Може да има најмногу 20 ученици во една училница.