24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Рекорден број нови случаи на коронавирус во Словенија

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 79 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заболени од почетокот на епидемијата се зголеми на 3.312, од кои 519 се активни случаи, објави во средата словенечката влада.

Ова е рекорден број на нови случаи на дневно ниво од почетокот на епидемијата и зголемување за 37 во споредба со претходниот ден.

Досега на дневна основа, најголем број случаи биле забележани на 26 март – 61.

Во последните 24 часа се направени 2.560 тестови.

Има нови жаришта во домови за стари лица, каде има 15 ново заразени, и во некои училишта кои се отворија на почетокот на минатата недела.

Во моментов, 33 пациенти се хоспитализирани, а бројот на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 135.