12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Русите вршат масовно тестирање на вода и храна за присуство на коронавирусот

Од 3 септември во сите делови на Руската Федерација се врши тестирање на храна и вода за присуство на коронавирус.

Ова денеска го изјави Ана Попова, шефица на руската федерална служба за надзор на заштитата на потрошувачите и благосостојбата на населението.

Обраќајќи им се на учесниците на конгресот за заразни болести, што се одржа преку интернет, Попова рече дека методот за тестирање е развиен во истражувачкиот центар „Вектор“ во Новосибирск со цел да се проучи циркулацијата на вирусот во животната средина.

Според агенцијата ТАСС, вакво тестирање пред 3 септември било извршено кај седум субјекти во Руската Федерација.