16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев на средби со амбасадорите на Германија и Бугарија: „Ова е целосно евро-атлански определена Влада“

Премиерот Зоран Заев денеска оствари две одделни средби со германската амбасадорка Анке Холштајн и бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов.

На средбата со германската амбасадорка било поздравено формирањето на новата Влада, со констатација дека истата веќе покажува ефикасност и посветеност во продолжување на важните државни и граѓански приоритети.

Заев упатил благодарност до канцеларката Ангела Меркел и до Германија, како една од најголемите пријателски држави, како и за посветеноста на германското претседателство со ЕУ, кон проширувањето на Унијата.

„Ова е целосно евро-атлански определена Влада и ќе продолжиме да работиме во таа насока“, посочил Заев на средбата.

Станало збор и за мерките што продолжува да ги презема нашата држава за заштитата на јавното здравје и за предвидената натамошна поддршка на економијата.

Во овој контекст Заев се заблагодарил на Германија и на ЕУ за навремената помош и поддршката за земјата во справувањето со последиците од корона-кризата.

На средбата со бугарскиот амбасадорот Ангелов била изразена согласнот дека со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка се поставени одлични темели за понатамошна соработка меѓу двете земји.

Посочено било и дека двете земји продолжуваат да ги остваруваат придобивките од заедничкото претседателство на Берлинскиот процес за Западен Балкан, во насока на олеснување и промовирање на конкретните чекори кон регионален економски развој, со цел надминување на економско-здравствената криза предизвикана од Ковид-19, како и соработка во останатите области.

Спонзорирано: