16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
rpt
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Планот за враќање на довербата во судството ќе го утврдиме во првите 100 дена на Владата

Планот и концептот за враќање на довербата и зголемување на ефикасноста на судството и јавното обвинителство треба да биде утврден до истекот на првите 100 дена на Владата, изјави новиот министер за правда Бојан Маричиќ за канал 5.

Зависи од судскиот совет, советот на обвинители и од државната комисија за спречување на корупцијата, дали ќе биде една комисија која ќе го спорведува процесот, или секоја институција ќе земе дел од одговорноста, додаде Маричиќ.

Тој нагласи дека во интерес на граѓаните и на државата е тој процес да започне есенва, час поскоро, за да се зголеми ефикасноста и транспарентноста на судството и на јавното обвинителство и да се зголеми довербата на граѓаните во судските постапки и во обвинителските одлуки.

Спонзорирано: