12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Мелбурн останува под строги мерки и покрај незадоволството на граѓаните

Жариштето на епидемијата на коронавирусот во Австралија сè уште е во државата Викторија, каде бројот на нови случаи не се намалува со очекуваното темпо по цели пет недели на строги мерки , па затоа денеска беше донесена одлука за продолжување на вонредните мерки до крајот на септември.

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус денеска го продолжи времетраењето на строгиот режим до 28 септември и претстави план за постепено ублажување на ограничувањата во следните два месеца.

Мерките од четврти степен во Мелбурн, кои требаше да завршат на 12 септември, го затворија поголемиот дел од економијата и го ограничија движењето на луѓето на пет километри околу домовите по еден час дневно, а пропишаа и ноќен полициски час.

„Засега, не смееме да ги олеснуваме рестриктивните мерки затоа што многу брзо би ја загубиле контролата“, соопшти Ендрјус на прес-конференција.

Викторија е епицентарот на вториот бран на епидемијата и во овој момент има 75% од вкупниот број на заразени лица во Австралија.

Австралиската полиција вчера уапси десетици лица на протестите во Мелбурн против строгите мерки за борба против коронавирусот.

Протести се одржаа и во Сиднеј, Бризбејн, Аделаида и Перт.

Иако се очекуваше премиерот на Викторија денека да објави олабавување на некои мерки, тој одново повика на претпазливост.