26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Експлозија на гасовод во Сирија, се сомневаат на терористички напад

Експлозијата на гасоводот недалеку од Дамаск доведе до прекин на електричната енергија во Сирија, а сирискиот министер за нафта Али Ганем изјави дека првите показатели укажуваат дека станува збор за терористички напад.

Телевизискиот канал „Икбарија“ покажа снимки од голем пожар по експлозијата меѓу сириските градови Думеир и Адра, северозападно од главниот град Дамаск.

Сириската државна новинска агенција САНА подоцна ја пренесе изјавата на министерот Ганем дека одредени делови од земјата постепено повторно добиваат електрична енергија, јавува Танјуг преку Ројтерс.