8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ: Ќе барам формирање на Заедницата на српски општини

Српскиот претседател Александарр Вучиќ најави дека во продолжението на преговорите со Приштина ќе бара формирање на Заедницата на српски општини, пренесува „Спутник“.

„На 7 септември ќе одам во Брисел и ќе барам исполнување на договорот за формирање на Заедницата на српски општини. Германија и САД нема да го повлечат признавањето на Косово. Мене ме загрижува што не разговараме за реалните и суштинските проблеми, затоа српската страна ќе бара исполнување на договорот од 2013 година за формирање на Заедницата на српски општини, потпишан под закрила на ЕУ,“ рече Вучиќ.

Тој истакна дека Србија сака вистински дијалог, а не оној во кој „секој ден ни велат дека треба да ги признаеме“.

„Нашиот предлог беше тие разговори да бидат суштински, а не формални, да ги решаваат проблемите, а не да се чека да ни испорачуваат барања. Приштина го истакнуваше проблемот на ресипроцитетот, ние им рековме дека, за разлика од нив, имаме посилна економија и дека и ним им го посакуваме истото. Приштина одби да разговара за тие работи“, истакна Вучиќ.

Тој истакна дека за Србија е ужасна вест донесувањето на новиот закон за заштита на вредостите на ОВК и тоа е, како што рече и американскиот амбасаор, воведување вербален деликт, малтретирање и шиканирање.

Спонзорирано: