20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Словенија украден камион со 1,2 тони мед

Непознати лица украле камион со 1,2 тони мед и килограм пчелин полен во близина на граничниот премин Фернетичи со Италија, соопшти словенечката полиција.

Кражбата ја пријавил возач, романски државјанин, кој видел дека камионот не е таму кога се вратил од кусата пауза на бензинската пумпа во Фернетичи, пренесува СТА.

Тој рече дека крадците однеле стока во вредност од 60.000 евра.