19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Се удавило цело семејство на “проколнатата плажа”

Каиро – На плажата Ал-Сафа недалеку од египетскиот град Александрија, претходно познат по бројни случаи на давење пливачи, се удавило цело семејство.

Раководителот на локалната брза помош изјавил дека таткото, мајката, синот и ќерката се удавиле.

Спасувачкиот тим успеа да ги пронајде телата на 19-годишната ќерка и нејзиниот 15-годишен брат, но не и телата на родителите.

Плажата Ал-Сафа е популарна локална плажа, но позната е и по голем број трагични случаи.

Поради острите плима и силните струи, ова место е многу опасно за неискусните пливачи, така што само во текот на овој месец, вкупно 11 лица се удавија на Ал-Сафи и околните плажи.

Спонзорирано: