22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

(Видео) Хаос во Сиетл: Демонстрантите фрлaле пиротехнички средства кон полицијата

Во новиот судир меѓу полицијата и демонстрантите во САД, овој пат во Сиетл, повредени се десетина лица.

Конфликтот се случил кога полицијата се обидела да го отстрани човекот од зградата, кој со чадор го блокирал погледот на безбедносната камера од полициската станица.

Додека се приближувале кон него, група демонстранти почнале да ги гаѓаат со тврди предмети, вклучувајќи и пиротехнички средства. Демонстрантите исто така скршиле неколку прозорци од полициската станица, како и од околните згради.

Еден од полицајците се здобил со изгореници на вратот и морал итно да биде хоспитализиран.

Во овој конфликт, полицијата употребила бибер спреј и уапсила две лица поради немирите.