20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израелските сили собориле дрон во близина на границата со Либан

Невообчаен инцидент се случи на границата меѓу Израел и Либан во неделата вечерта кога израелските безбедносни сили ИДФ соборија либанско беспилотно летало што влегло во воздушниот простор на Израел, пренесува „Џерусалим пост“.

Според портпаролот на ИДФ, нивните сили идентификувале беспилотно летало, кое, најверојатно, било управувано од Либан и влегло во израелскиот воздушен простор. Беспилотното летало наводно ги следело силите на ИДФ.

Според извештаите во Либан, дронот бил користен за снимање видео во знак на сеќавање на крајот на Втората либанска војна.

Силите на ИДФ ја презеле контролата врз беспилотното летало од далечина пред да го соборат. Тие потоа ја скенирале областа за да потврдат дека дронот паднал на територијата на Израел.

„ИДФ ќе продолжи да работи за да спречи секаков обид за кршење на израелскиот суверенитет“, се вели во соопштението на портпаролот на ИДФ по инцидентот.