24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Австралискиот премиер бара откажување на седница поради коронавирусот

Австралискиот премиер Скот Морисон побара следната седница на Парламентот, која треба да се случува во август, да биде откажана поради повторно ширење на коронавирусот.

Морисон испратил писмено барање до претседателот на Парламентот за откажување на двонеделната седница.

Ова следи откако главниот советник во Владата, Пол Кели, предупредил дека парламентарната седница носи „значителен ризик“, како резултат на зголемувањето на бројот на локално пренесените случаи во државите Викторија и Нов Јужен Велс.

Во Викторија беа потврдени 217 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа.