15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел: Веќе не можеме да се потпреме на тоа дека САД ги штитат европските интереси

Германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска изјави дека сега е неопходно Европа да биде обединета затоа што светот е целосно реорганизиран.

Меркел, која како прв германски канцелар присуствуваше на седница на владата на покраината Баварија, на прес-конференција во Минхен истакна дека единство во Европа значи сигурност за Германија.

Таа порача дека сè што се случува во Брисел за време на германското претседателство со Европската Унија е многу важно.

„Светот во моментот се реорганизира. Мислењето дека Соединетите Американски Држави ја штитат ЕУ веќе не е нешто што може да се земе здраво за готово. Затоа, единството во Европа е поважно од кога и да било“, рече Меркел.