13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Верувам дека ја дигнавме свеста на луѓето да излезат на гласање, важно е, граѓаните се тие што даваат правец на државата

– Јас верувам дека ја дигнавме свеста на луѓето да излезат на гласање, важно е, граѓаните се тие што даваат правец на државата , тие одлучуваат какава земја ќе имаме во следните четири години, секако со рефлексија за иднината цела комплетна која што стои пред нас. Во едни такви околности не можам до ден денеска да сфатам зошто 8-ми јули не можеше да одиме на избори, а на 15-ти можеше. Ние предлагавме јуни месец, зошто? Заради жешкото, јули месец , секогаш било жешко во јули месец, а јуни секогаш било барем за неколку степена посоодветно за кампања и за сл. Ќе ја има вирусот позитивни случаи и во август, и во септември, во октомври. Целта беше навистина кога се обезбедија здравствените протоколи, кога знаевме сите како ќе биде и гласањето дека кампањата ќе биде многу поразлична од сите кампањи коишто ги знаеме, час поскоро заради враќањето на институциите во Парламентот, во парламентарна демократија и секако политичка Влада. Тоа на крајот на денот е најважно, институциите постојат за граѓаните, гледаме дека секојдневно имаат потреба и од Парламент, и од политичка Влада која што ќе носи одлука и да помогне во здравствените аспекти во асистенција пред се политичка, инфраструктурана, институционална на лекарите и сестрите, но и економскиот аспект е многу важен, ова влијае целото, нашата македонската економија се крена веќе ги вративме бројките и параметрите, но ова целото влијае заради тоа што сме поврзани со целиот свет, со Западна Европа, со Регионот, рече вечерва Зоран Заев во Само интервју на Канал 5.

Спонзорирано: