18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Австралија ќе ја изолира една од најнаселените држави поради коронавирусот

Австралија ќе ја изолира државата Викторија од останатиот дел од земјата и ќе воведе мерки без преседан како дел од борбата против зголемувањето на бројот на новозаразени од коронавирус, соопштија властите.

За првпат од избивањето на пандемијата, од полноќ, ќе се затвори граничната линија која ги разделува двете најнаселени австралиски држави – Викторија и Нов Јужен Велс.

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрус, затворањето на линијата го нарече добра одлука со оглед на предизвиците со кои се соочени за спречување на ширењето на вирусот. Викторија денеска забележа рекордни 127 случаи на коронавирус, најмногу во Мелбурн.

Австралиската втора најнаселена држава бележи најголем пораст на бројот на случаи на ковид-19 од крајот на март, поради што продолжена е наредбата за седење дома на повеќе предградија на

Мелбурн, каде од саботата се ставени во целосна изолација девет висококатници со околу 3000 жители.

Најавената мерка за изолација, која би требало да биде на сила до 29 јули, ќе погоди над 300.000 од пет милиони жители на овој град.

Австралија досега успеа да го сузбие ширењето на коронавирусот многу подобро од голем дел од другите земји. Досега забележа вкупно 8500 случаи на зараза и 105 смртни случаи.

Спонзорирано: