8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Американски војници во Јужна Кореја предизвикале инцидент со огномет

Десетици странски државјани, за кои се претпоставува дека се американски војници, ги вознемириле граѓаните на крајбрежниот град Бусан во Јужна Кореја правејќи огномет на плажа.

Тие го славеле Денот на независноста на САД на плажа, поради што полицијата морала да интервенира, па дури и да уапси дел од нив, пренесува „Танјуг“, повикувајќи се на агенцијата „Јонхап“.

Војниците испукале неколку огномети кон небото, дури и кон граѓаните, што траело околу два часа.

Од полицијата изјавуваат дека примиле повеќе од 70 повици од граѓани кои биле вознемирени од оваа состојба, особено затоа што, според полицијата, странците не носеле заштитни маски и не држеле дистанца.

Полицијата тврди дека американските војници пукале огномет без дозвола кон граѓаните и дека и се потсмевале на полицијата, поради што шест патролни возила учествувале во смирување на ситуацијата.

И покрај присуството на полицијата, војниците не престанале да пукаат огномет, а еден војник во своите 20-ти години кој пукал огномет кон граѓаните бил уапсен.

Плажите низ Јужна Кореја се повторно отворени за граѓаните, со обврска посетителите да постапуваат во согласност со воведените мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот.