14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Босна и Херцеговина 180 новозаразени со коронавирус

Во Бoсна и Херцеговина потврдени се 180 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, објавија јавните здравствени институти на Федерацијата на БиХ и Република Српска.

Од средата тестирани се 1.758 лица.

Најголем број новозаразени има во Сараево, каде што се потврдени 27 случаи, по што следува Бања Лука со 9 нови случаи.

Бројот на заразени лица е поголем отколку еден ден претходно кога беа регистрирани 152 лица позитивни на Ковид-19.

Вкупниот број заразени од почетокот на епидемијата во БиХ сега е поголем од 4.700 лица.

Спонзорирано: