12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Паднаа големи казни за “Рекет” – 7 години затвор за Катица Јанева, а 9 за Боки 13

Денеска во Врховниот суд беше соопштена пресудата за поранешната специјална обвинтелка Катица Јанева и Бојан Јовановски за случајот „Рекет“. Катица Јанева доби казна затвор од 7 години, а Боки-13 е осуден на 9 години казна затвор.

-Судот во името на граѓаните на Република Северна Македонија ја донесе следната пресуда – обвинетите Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки-13, кој моментално е во притвор и Катица Јанева која моментално во куќен притвор се прогласени за виновни. Судот на обвинетиот Бојан Јовановски за кривичното дело „примање награда со притвзаконито влијание“ за кое предвидена казна од 1 до 10 му утврдува казна од 5 години, за кривичното дело „перење пари“ му претвидува казна затвор од трање 5 години, за наведените две кривични дела го осудува на единствена казна затвор од трање од 9 години. Во изречената казна му се пресметува и времето поминато во притвор до започнување со издржување на казната затвор. Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за Злоупотреба на службената положба и овластувањата неправосилно осудена е на 7 години затвор. Во изречената казна и се пресметува времето поминато во привтвор како и времето поминато во куќен притвор до започнување на одржување на казната – соопшти судијката од Основниот кривичен суд Васка Николовска-Масевска

Судењето за предметот „Рекет” почна во ноември минатата година. Обвинението беше поднесено против три лица. На првото рочиште за овој случај обвинетитот Зоран Милевски-Кичеец ја прифати вината и на следното рочиште беше осуден на три години затвор. Другите двајца обвинети Јовановски и Јанева, се изјаснија дека се невини и против нив се водеше судска постапка во која беа презентирани низа материјални и вербални докази од страна на Обвинителството.