14.8 C
Скопје
15. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Инцидент на границата: Италијанско воено возило влезе на територијата на Словенија

Италијанско воено возило денеска влегло на територијата на Словенија, но наскоро се свртело и се вратило во Италија, соопшти словенечката полиција.

Инцидентот се случил утрото околу 8.20 часот, во пограничниот град Шемпетер кај Горица, пренесе СТА.

Како што се наведува, инцидентот го испитува полицијата, а резултатите ќе ги соопшти Министерството за одбрана.