20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Откриен идентитетот на тинејџерката која го сними убиството на Џорџ Флојд

Убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд е вест која се прошири низ целиот свет.

Се брзина на светлината се споделуваше снимката на која се гледа полицискиот службеник Дерек Човин како клекнува врз вратот на жртвата, но малку е познато дека видеото е направено од една тинејџерка.

Дарнела Фрејзер (17) шетала со својата деветгодишна братучетка кога застанала пред киоск за брза храна во Минеаполис, а потоа видела четворица полицајци како извлекуваат Афроамериканец од автомобил.

„Таа не знаела дека ќе биде сведок и ќе документира еден важен настан во американската историја, убиство од страна на полицијата. Да не беше нејзината храброст, трезвеност и волја да го објави видеото, сите четворица полицајци и натаму ќе беа на улица и веројатно ќе тероризираа и други членови на нашата заедница“, изјавил нејзиниот правен застапник Сет Кобин.

Дарнела воопшто не ни помислила дека видеото што ќе го направи ќе го обиколи целиот свет и ќе предизвика масовни протести, пренесува „Дејли Мејл“.

Кобин нагласил дека таа на сакала да биде херој, туку дека е само тинејџерка, ученичка, која постапила на вистинскиот начин во конкретна ситуација.

„Таа е Роза Паркс на својата генерација“, додал тој.

Дарнела само еднаш говореше во јавност откако беше објавено видеото.

Тогаш таа рече дека светот мора да го види она што го видела со своите очи, бидејќи такви испади се случуваат многу често.

Спонзорирано: