12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Повеќе од 70.000 починати во Латинска Америка, Мексико бележи дневен рекорден раст

Бројот на починати во епидемијата на коронавирус во Латинска Америка надмина 70.000, покажуваат податоците на „Ројтерс“, а Мексико за еден ден бележи рекорден број на нови случаи.

Во Латинска Америка, вкупно 70.972 луѓе починале од Ковид-19, а околу 1,45 милиони биле заразени.

Бразил, најголемата економија во регионот, е најпогодената земја во Латинска Америка со 40.000 смртни случаи. Според бројот на починатите, Бразил е трет во светот по САД и Велика Британија.

Во Мексико, втората по големина земја во регионот, утврден е нов дневен рекорд од 4.883 случаи, соопшти Министерството за здравство.

Во Мексико биле заразени вкупно 129.184 лица, а 15.357 починале.

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека Латинска Америка е новиот фокус на пандемијата, која започна на крајот на годината во Кина и брзо се шири во Европа и пошироко.

Владите ширум светот признаваат дека реалниот број на заразени е многу поголем отколку што покажуваат официјалните бројки.

Заразата со коронавирус брзо се прошири и во Перу, Чиле и Колумбија.