17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Протести во Хонгконг против законот за химна, полицијата излезе на улиците

Полицијата во Хонгконг одговори со солзавец и апсење на луѓе во неколку градски населби каде што протестираа против предлог-законот за криминализирање на навредувањето на кинеската химна.

Контроверзниот предлог-закон оди на второ читање и интервентната полиција е на висок степен на готовност.

Доколку биде изгласан, исмејувањето или злоупотребата на химната „Марш на доброволци“ со новиот закон може да биде казнето со затвор до три години и парична казна до 6.000 американски долари.

Полицијата извести дека демонстрантите ги блокирале патиштата и железничките пруги, а досега се уапсени 17 лица меѓу кои и двајца студенти на возраст од 14 и 15 години кои се обвинети за поседување „нелегални предмети“, како што се шлемови.

Доколку биде изгласан, новиот закон би можел да го прекине обичајот на локалните фудбалски натпревари, каде што навивачите свиркаат на химната, традиција која започна како резултат на неуспешните демократски протести во Хонгконг во 2014 година.

Критичарите на законот велат дека ќе биде тешко да се спроведе законот и сметаат дека е бесмислено затоа што е невозможно да се озакони патриотизам.