17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Манчевски во „Само вистина“: Имаме нов, трет пакет економски мерки вреден над 500 милиони евра

„Во досегашниот тек од економската криза ние имаме три пакети со мерки кои ги помагаат граѓаните и стопанството. Станува збор за сериозна поддршка, 550 милиони евра инвестираме кон граѓаните и кон економијата со цел полесно да закрепнеме. Дел од мерките ќе бидат пред избори, дел после, но кога и да се изборите мора да се најдат пари за поддршка на фирмите и на граѓаните. Тука мислиме и на зголемувањето на платите и нови врботувања“- изјави потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5.

Според него државата функционира и паралелно се справува и со пандемијата, но и со економските ризици.