23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Црн ден за Русија: Срушен рекорд, најмногу заразени во Москва – во мај никој нема да оди на работа

Повеќе од 200 000 луѓе се заразени со коронавирус во Русија, а само во последните 24 часа повеќе од 11.000 луѓе се разболеле, соопшти рускиот кризен штаб.

Според податоците објавени денес во Русија, 11.012 лица биле позитивно тестирани за вирусот корона во последните 24 часа, така што биле заразени вкупно 209.688.

Тоа е најголем број на луѓе заразени со коронавирус на дневна основа.

Во последните 24 часа, закрепнале 2.390 лица, а 88 лица починале.

Досега во земјата починале 1.915 луѓе како резултат на ковид-19.

Руските власти велат дека наглиот пораст на бројот може да се припише, барем делумно, на зголемено тестирање.

Како и во претходните денови, најголем број новозаразени се 5,551 во Москва и 1.133 во московскиот регион.

Повеќе од 80 проценти од пациентите во Москва се помлади од 65 години, а шест проценти од пациентите се деца.

Досега само во Москва, 1.068 лица биле дијагностицирани со пневмонија и тестирани позитивно за коронавирус.

Во руската престолнина, целиот месец мај беше прогласен за неработен заради епидемијата.