17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

Владата побара итно да се испита случајот со оддржувањето на вчерашниот верски настан во Струга

Владата на Република Северна Македонија на денешната 50-та седница го задолжи Министерството за внатрешни работи, веднаш да го испита случајот со одржувањето на верскиот настан во текот на вчерашниот ден во Струга, како и прославата организирана од Министерството за внатрешни работи по повод одбележувањето на Денот на полицијата на Република Северна Македонија, кои претставуваат сериозно непочитување и прекршување на воведените забрани со одлуките, мерките и препораките донесени од страна на Владата, да утврди одговорност и да се преземат соодветни мерки кон одговорните лица и за истото да ја информира Владата на Република Северна Македонија.