23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Италија денес полоша ситуацијата од вчерашната – пак се зголеми бројот на новозаразени и починати

Во Италија денес ново зголемување на бројот на починати и заразени, 369 починати во однос на вчерашните 236 починати и 1.444 новозаразени во споредба со вчерашните 1.075

Од избувнувањето на епидемијата на 21 февруари, загинаа 29.684 луѓе, рангирајќи ја Италија на третото место во светот, зад САД и Велика Британија.

Бројот на потврдени случаи на лица со коронавирусна инфекција во Италија денес е 214.457, но бројот на пациенти во сериозна состојба е денес 1.333, што е намалување од вчера кога бројката беше 1.427.

Агенцијата за цивилна заштита објави дека досега биле тестирани 1.550.000 луѓе во Италија, која есо население од 60 милиони.