Повеќе од половина милион луѓе се излекувале од коронавирусот во светот, поточно 515.108 луѓе, според најновите податоци на Worldometers.
Бројот на потврдени случаи денеска достигна 2.084.042, а 134.669 починале.
За помалку од две недели, бројот на заразени во светот се зголеми за еден милион. Ова покажува дека ширењето на вирусот е забрзано, со оглед дека бројот од милион заразени е регистриран на 2 април, повеќе од три месеци по избувнувањето на епидемијата во Кина.
Според податоците, САД се земја со најголем број заболени и најголем број жртви, а Европа е најпогоден континент.
Во САД 28.554 луѓе починале како резултат на коронавирусот, а потврдени се 644.348 случаи. Излекувани се 48.708 пациенти.
Во Европа заразени се речиси еден милион луѓе, потчно 966.005, а 87.861 починале од вирусот.
Во Европа најголем број смртни случаи има во Италија – 21.645, од 165.155 потврдени случаи. Излекувани се 38.092 пациенти.
Во Шпанија потврдени се најголем број случаи во Европа – 180.659, а починале 18.812 лица, излекувани се 70.853.
Во Франција има 147.863 заразени, 17.167 починати и 30.95 излекувани.
Германија има 134.753 заразени, 3.804 починати и 77.000 излекувани, а во Велика Британија потврдени се 98.476 заразени и 12.868 жртви.
Во Кина, каде што се појави вирусот на крајот на декември минатата година, 82.295 луѓе беа заразени со коронавирусот, а 3.342 починаа.