22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Свештеник кој држеше миси и велеше дека Бог е посилен од вирусот почина од Ковид-19

Бискупот Гералд Глен, кој воедно е и основач на евангелистичката црква „Нова испорака“ во Вирџинија, САД, почина во саботата од компликации поврзани со коронавирусот, соопшти неговата црква.

И покрај предупредувањето на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) во кое препорачаа да се избегнуваат масовни собирања, Глен тврдеше дека „цврсто верува оти Бог е поголем од страшниот вирус“ и најави дека не се плаши оти би умрел.

Веќе следниот ден властите издадоа наредба во која ги забранија јавните собири на кои има повеќе од 10 луѓе.

Тој пред 10 дена бил дијагностициран со коронавирусот.

Црквата преку својот Фејсбук профил ги замоли верниците да му овозможат на семејството да тагуваат на свој начин.