17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Немам симптоми на коронавирус, за време на интервјуто беа преземени сите заштитни мерки

Првиот човек на СДСМ, Зоран Заев на социјалните мрежи напиша дека избегнувале контакт за време на интервјуто со новинарот за кој е потврдено дека е позитивен на новиот коронавирус.

Заев кој се наоѓа во самоизолација во Струмица, тврди дека за време на интервјуто минатата недела биле преземени сите заштитни мерки.

„Би сакал да ве информирам дека во текот на минатата недела имав ТВ интервју со новинар, за кој неодамна се утврди дека е позитивен на КОВИД-19. Иако во текот на интервјуто ги преземавме сите заштитни мерки како избегнување контакт и одржување дистанца, согласно сите протоколи, од денеска сум во самоизолација во мојот дом во Струмица. Немам симптоми, денеска се тестирав за присуство на вирусот и резултатите ги очекуваме во текот на денот – по што ќе се утврдат следните чекори“, напиша Заев.

https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10158496285717932

Покрај Заев, интервју со истиот новинар имал и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој истотака во моментов се наоѓа во самоизолација.