24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Италија во црно, најлош ден од почетокот: 793 починати последните 24 часа од коронавирус

Во Италија денеска се регистрирани нови 6.557 случаи на корона вирус и рекорден број на починати за само едно деноноќие од дури 793 лица.

Според проценките денешниот ден е со рекорден број на новозаразени и починати, и сега вкупно бројката на заразени изнесува 53.578 лица, а вкупно починале 4.825 лица.

На сила во земјата се уште поостри мерки.