25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Пратеник заразен со коронавирус, целиот Парламент на Украина на тестирање

Претседателот на украинскиот Парламент и пратениците ќе се тестираат дали се заразени со КОВИД-19, откако еден од пратениците денеска се тестирал и резултатите покажале дека е позитивен, односно дека е заразен со вирусот, јавуваат локалните украински медиуми.

Властите се обидуваат да ги лоцираат сите што биле во контакт со пратеникот Серхиј Шахов, кој е дел одпарламентарната група Довира (Верба). Тој се вратил на работа во Парламентот, по враќањето од патувањето во земја членка на ЕУ.

Пратеникот Шахов се појавил на украинската телевизија на 12-13 март, а учествувал и на состанокот на парламентарната комисија за животна средина на 13 март.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека во Собранието на 17 март била регистрирана употребата на пратеничката картичка на заразениот пратеник и била користена за гласање, но дека тој бил отсутен.

„За жал, неговите колеги се виновни за повеќекратно гласање“, рече Зеленски.Повеќекратно гласање во парламентот е казниво со закон.

Во Украина се потврдени 16 случаи на заразени со коронавирусот и два смртни случаи од заразата. Украина на две недели ги затвори границите за странците, почнувајќи од16 март. Властите исто така ги откажа воздушните, железничките и автобуските врски меѓу градовите и регионите и го затворија метрото.

извор РСЕ