8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се судрија два мали авиона над Австралија, загинаа четири лица

Четири лица загинаа при судир на два мали авиони над југоисточна Австралија.

Според информациите, во секој авион имало по две лица.

„Се верува дека авионите се судриле во воздухот пред да се урнат“, соопшти полицијата.

Локалните медиуми објавија фотографии на кои се прикажани остатоци од авионите./Makfax