20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Орбан: Унгарија е иднината на Европа

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, синоќа, во обраќањето пред нацијата, рече дека Будимпешта научила дека не мора да ѝ се допаѓа на, како што рече, уморната бриселска елита истакнувајќи дека Унгарија е иднината на Европа.

„Во последните десет години научивме дека Европа не е во Брисел“, рече тој.

„Европа сме ние и не мора да ѝ се допаѓаме на уморната бриселска елита… Во минатото мислевме дека Европа е нашата иднина, но денес знаеме дека ние сме иднината на Европа“, рече Орбан.

Тој изрази задоволство за тоа што Унгарија нашла заеднички темели со соседните земји -Хрватска, Словачка, Словенија и Србија и е во позиција да влезе во поширока соработка со нив и да формира сојузи./Makfax